Арсовска ги реши земјените патеки во Градскот парк со асфалт „за да не се кревало прашина“

Денешниот потег на градоначалничката Арсовска, асвалтирањето на земјените патеки во Градскиот парк наиде на критики и подсмев на нејзина сметка за нарушување на автентичноста на паркот. Од кабинетот на градоначалничката за СДК изјавиле дека не сметаат дека е несоодвенто асфлатирањето на земјените патеки. Велат дека тоа го прават по барање на граѓани оти имале многу поплаки за немање услови за движење на колички, точаци и се кревало многу прашина.
„Асфалтирањето се врши од практични причини. Голем број поплаки доаѓаа од граѓани до Секторот за уредување. Бидејќи станува збор за земјени патеки се собира вода, кал, а од ризлата се крева прашина и се разнесува на сите страни. Мајки се жалеа дека до детското игралиште не можат да пристапат со количка. Се асфалтира само оној дел што е потребно, не е цела површина и максимално се внимава на зеленилото. Паркот во кој патеките со години стоеа искршени, по реконструкцијата ќе биде преубав“, одговориле од кабинетот на Арсовска.
Непрецизирале зошто не употребиле посоодветни материјали, а не асфалт, но додале само декане е одлучено „туку-така, односно одлуката е од стручни лица во Градот.“

Back to top button
Close