Арсовска го демонтираше Боби: 3 години си градоначалник и уште не знаеш што ти е работа


Оф бе Боби, 3 години уште не знаеш што е твоја работа, а што на градот. Или може знаеш ама кога треба да се сработи нешто, а ти за тоа не си кадарен, удри по Данела и уклучи ги штабците да напаѓаат.

Ај да ти појаснам како на прваче, како на оние на Вики Ганиу што граделе згради на 5 години:

Жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП Водовод и канализација Скопје (ова сигурно го знаеш, или не )

Црешево и Смилковци се корисници на вода од ЈКП Гази Баба (ова ако не си разбрал во овие 3 години Е ТВОЕ ПРЕТПРИЈАТИЕ ) која добива вода од РЖ услуги

Како вие добавувате вода од РЖ услуги, по која цена и потоа како ја наплаќате од жителите е дополнително мистериозно прашање (за ова во друга пригода)

Ова по 3 години ќе го знаеше, ако паузираше 1 еден ден од сликање по фоклорни манифестации за да сработиш нешто. До сега можеше да им направиш нова мрежа на жителите таму, со милионите што ги доби и од Владата на КОВАЧЕВСКИ и од таа на МИЦКОВСКИ.

Град Скопје во 3 години 0 денари од Влада, плус долг од Влада кон ЈСП од 8 милиони €.

Седи Боби, кец!

 

 

Back to top button
Close