Арсовска: Го повикувам Ислам Абази од ОЈО да постапува а министерот да не плаче кај дипломати да сопрам до избори

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска му се обрати на обвинителот Ислам Абази:

⚖️Го повикувам Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, да ги оправда тие 2% доверба кои ги има обвинителството кај граѓаните и да постапи по доказите за криминал.

🏗️Во спротивно креира опасен преседан, ќе започнеме сите со капитални проекти за градење безбедни дивоградби и обезбедување гратис станови со џабе вода и џабе струја за оние на кои не им е решено станбеното прашање. И нема да смеат да ни писнат, ни да прашаат од кај се парите.

➕Плус ќе треба да им се извинат на сите кои ги казниле, им срушиле објект или отслужуваат казна за бесправна градба.

🆘 Затоа што еден од министрите на Владата, секој ден плаче, лаже, манипулира и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, еве повеќе не ве повикувам да постапите.

‼️Ве виде народ, се девалвиравте бидејќи не смеете да му писнете на Висар Ганиу, напиша Арсовска на фејсбук.

 

Back to top button
Close