Арсовска- Градот преговара за набавка на еко автобуси а Мицковски е проактивен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалничката Данела Арсовска преговараат со компании да се добијат грантови за набавка на електрични автобуси за Скопје.

Откако вчера Мицкоски кажа дека ‘преговараме со странски компании за набавка на 100 електрични автобуси‘, САКАМДАКАЖАМ.МК ја праша градоначалничката Арсовска кој тоа преговара за набавка на автобусите, дали Градот или партијата ВМРО-ДПМНЕ, зошто се водат преговори со компании наместо да се распише тендер и што би добиле тие фирми за возврат.

Градоначалничката Арсовска вели дека Градот преговара со компании и со фондови каде се обезбедуваат грантови за еко проекти за набавка на еко автобуси, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски проактивно делува за подобрување на состојбата во Скопје.

Ниту таа ниту Мицкоски не кажуваат кои се тие компании кои се спремни да дадат пари за да се купат автобуси. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски проактивно делува за подобрување на состојбите во Скопје и во комуникацијата за прашања кои се од важност за Скопје и скопските општини, сигурна сум дека ќе постигнеме резултати за доброто на граѓаните, а кога преговорите ќе ги финализираме истите ќе бидат презентирани во јавноста“, вели Арсовска

Back to top button
Close