Арсовска и вработени во Град Скопје нападнати во Чаир – Сите се на Ургентен!

Градоначалничката на град Скопје попладнево, заедно со екипа од град Скопје се физички нападнати во Чаир при увид на дивоградба, пренесива Инфомакс.

Арсовска заедно со вработени во град Скопје се наоѓат на ургентен центар во Осми Септември поради телесни повреди.

Според официјалните информации нападот во СВР Скопје го пријавило лице со иницијали А.Ј. ОД МВР велат дека Арсовска не сакала да го пријави настанот и се упатила во „8 Септември“.

-На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош – се вели во информацијата од МВР.

Нападот следува откако Арсовска јавно зборуваше дека има закани по живот и поднесуваше пријави против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

 

Back to top button
Close