Арсовска- Името ми е од дедо Дане, ќе победам а и ќе тужам
Наместо за визии и идеи, во оваа предизборна кампања се зборуваше за се друго, рече независната кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Таа се пожали дека против неа се води црна кампања.
-Од своето раѓање до денес јас моето име не го дадов, името ми е од името на дедо Дане. Од другата страна имате човек кој се што кажал излажал, затоа се што зборуваат за мене се манипулации и лаги. Јас знам само дека овие манипулации и лаги ќе се докажат. Од другата страна има луѓе во очај, а сега нив ќе ги победам со 30 илјади гласови разлика – рече Арсовска на Канал 5.
Таа истакна дека нападите против неа се големи, бидејќи премиерот Зоран Заев ветил дека ќе даде оставка ако СДСМ го загуби Скопје.