Арсовска кон Тошковски: Да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи
Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи и да доделеше обезбедување пред 2 месеци ништо од ова немаше да се случи, упати утрово порака градоначалничката Данела Арсовска кон министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Ти пред 2 месеци велеше циркуз е ова, градоначалничката да не збори, да постапува. Денес велиш циркуз е ова, што мајка барала градоначалничката таму да постапува. Гледа народот, има очи, има ум. Браните криминалци“, вели Арсовска, додавајќи го препознатливиот слоган на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија повторно горда“.