Арсовска: „Лавот“ Мицкоски не смее да писне пред Меџити и Ганиу, а не, пак, да бара одговорност за сторен криминал

Градоначалничката Данела Арсовска преку социјалните мрежи реагираше на изјавата што денеска ја даде премиерот Христијан Мицкоски во врска со наводите за дивоградби во Чаир и нивна незаконска легализација.

Оцени оти премиерот не смее ниту накриво да ги погледне, а не, пак, да бара одговорност за сторен криминал од своите коалициски партнери во ВЛЕН, од чии редови е и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
’Лавот’ Мицкоски не смее да писне против Ганиу и Меџити. Не смее на криво да ги погледне, не, пак, да бара одговорност за криминал. Лав? Маче. На 150 констатирани дивоградби, поткрепени со целосна документација, со снимки од лице место, ти не смееш да писнеш. Сила покажување на жена, наместо кај криминалци. Што значи тоа ‘ќе видиш ти’? Што ќе видам, ќе ги реализирате заканите или пак ќе фалсификувате и ќе фабрикувате лаги за да ме девалвирате? Што и да направиш, сите ќе знаат дека е од тебе и дека е во функција на заштита на криминалот на ВЛЕН, Изет Меџити и Висар Ганиу!“,

пишува Арсовска во објавата на Фејсбук.Во однос на изјавата на Мицкоски, со која тој се согласи со наводите на вицепремиерот Меџити и градоначалникот на Чаир оти Арсовска е инструмент за дестабилизација на ДУИ, градоначалничката вели дека никој не верува во тоа.

„Ви се дестабилизира сѐ на вас кога немате одговор за криминалот. Кога ќе ве фатат со рачињата во медот. Тогаш е дестабилизација“,вели градоначалничката.

За случајот во Чаир, Арсовска вели дека ниту по две недели откако презентира документи за сторен криминал, полицијата не смее да прими пријава од неа.

„Ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува. Срам сте вие, не гордост“,jдодава Арсовска во фејсбук-објавата.

 

Back to top button
Close