Арсовска: Можно е пожарот во „Треска“ да е подметнат, видени се сомнителни луѓе


Градоначалничката Данела Арсовска, по пожарот кој избувна во фабриката „Треска“, во изјава за медиумите рече дека има сомневања дека пожарот е подметнат, а за тоа сведочеле и луѓе кои живеат во близина, кои велат дека виделе неколку сомнителни лица во објектот.

– Пожарот е локализиран, имаше фантастична реакција на нашата протипожарна бригада. 55 пожарникари беа излезени на терен, работеа и веќе изминатите 2 часа сме тука и она кое што сакам да го кажам е дека од индициите кои што ги имаме најверојатно се работи за пожар кој што е започнат на потегот како што ми спомна командирот, со сомнение дека има лица кои што го подметнале. Тоа е информација која што ја добивме и од соседите кои што живеат тука и непосредно виделе лица кои што има на овој потег, изјави Арсовска за медиумите од местото на пожарот.

Таа додаде дека се надева дека институциите ќе сторат се што е во нивна надлежност, да превземат мерки и да не се дозволи граѓаните да бидат во опасност.

– Она што го добиваме како информација е дека повеќе пати на овој потег се случуваат пожари. Јас сакам да верувам дека ќе се разреши оваа состојба со овој потег тука, меѓутоа и пред се не смее да се дозволи граѓаните на Скопје да се загрозени, нивниот живот и нивното здравје да се загрозени од некој што не е одговорен и кои што превзема постапки кои се на штета на градот и на луѓето.

Back to top button
Close