Aрсовска му реагира на Kовачевски- владата му дала концесија на ВЕГ и обврска и е да нема ладни радијатори


Жалам што морам уште еднаш да ја
констатирам неспособноста на Владата за справување со предизвиците од енергетската криза, а со кои се соочуваат и скопјани, реагира градоначалничката Данела Арсовска откако премиерот Димитар Ковачевски вечерва ја повика неа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да ги остварат ветувањата што ги дале на локалните избори 2021 година.

„Она што уште повеќе загрижува е неинформираноста на институциите за сопствените ингеренции кога станува збор за системот за снабдување со топлинска енергија односно парно греење. Колку за потсетување, уште на 10.01.2022 година премиерот Ковачевски се пофали дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без греење, за сега на веќе започната грејна сезона, наместо функционално решение граѓаните да се соочуваат со ладни радијатори. Ширењето невистини и манипулирањето на граѓаните нема да ја реши економската и енергетска криза. Напротив, премиерот Ковачевски би требало итно да се зафати со решавање на овие проблеми, наместо да шета од медиум на медиум и да пласира невистини“, вели Арсовска во реакцијата.

Таа потсетува дека Владата е таа која има дадено повеќегодишна концесија на БЕГ при што, како што додава, секако обврска и одговорност на Владата е да се справи и со последиците кои произлегуваат од таа концесија

Back to top button
Close