Арсовска не сака да го реши проблемот,таа е „маќеа“ на градот, вели превозникот Муриќ

Претставникот на приватните превозници, Кемал Муриќ, денеска истакна дека превозниците се подготвени за преговори и ќе ги тргнат автобусите, само ако добијат гаранција од Ковачевски за решавање на проблемот.

Со градоначалничката на Град Скопје, која е „маќеа на градот“ нема надеж за решавање на проблемот. Затоа, бараме повисок орган, кој во конкретниот случај е Владата. Бараме средба со премиерот и ова барање не претставува никаква закана. Ако  ни даде гаранција премиерот, веднаш ќе ги отстраниме блокадите“, изјави Муриќ.

Back to top button
Close