Арсовска објави фотографија од напаѓачот и го обвини МВР

градоначалничка Данела Арсовска на „Фејсбук“ го објави идентитетот на напаѓачот кој денеска физички ѝ се нафрлил при увид на дивоградба кај Бит-пазар. Таа објави и фотографија од наводниот напаѓач и обвини „високи структури во МВР“ дека се обидуваат да го заштитат и да го заташкаат случајот.

„Првото лице од десно е лицето што физички ме нападна денес, да постапеа по заканите кога го објавив, денес немаше со намера смислено да доаѓа и да ме удира. 🛑СУЛЕЈМАН ЉАМАЛАРИ🛑 🚨ВИСОКИ СТРУКТУРИ ВО МВР ВО МОМЕНТОВ ГИ УПОТРЕБУВААТ СИТЕ МЕХАНИЗМИ ДА ГО ЗАШТИТАТ ЛИЦЕТО И ДА ГО ЗАТАШКААТ СЛУЧАЈОТ“, пишува Арсовска во објавата.

Градоначалничката претходно во изјава за медиумите пред градската општа болница „8 Септември“ рече дека била брутално нападната и навредувана:

„Пред очи на полицајци ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува, а цело семејство ќе ми го убие, рече таа откако излезе од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ каде беше примена во Ургентниот центар, по нападот на Бит-пазар.

Back to top button
Close