Арсовска: Пола од тие од ДУИ и СДСМ што збореа дека ја покрадоа и уништија државата, денес им се во Влада

Пола од тие од ДУИ и СДСМ што збореа дека ја покрадоа и уништија државата, денес им се во Влада и не смеат да им писнат, пишува на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

 

– За тие што велеа ја дуизираат Македонија, криминалците од ДУИ и оној што го нарекуваа предавникот Заев си шетаат по Дубаи.

Единствен осуден од ДУИ излезе дека е Стевчо Јакимовски.

Овие во Чаир 225 милиона евра испрале, во моментов темели на нови 50 згради без дозвола и без платени комуналии прават, за нив МВР и Обвинителство се на одмор, па ќе одат на боледување, па ќе чекаат да заборавите. Крадат вода, крадат струја, а вие побрзајте платете си ги сметките на време. – стои во објавата на Фејсбук

Back to top button
Close