Арсовска постави детектив за директор на МКЦ

По вчерашното разрешување на директорот на Младинскиот Културен центар, Ванчо Богоев, актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска денеска назначи нов директор, кој по професија е детектив.

„Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.

И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ – стои во денешната реакција на МКЦ.

Back to top button
Close