Арсовска: Пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу

Градоначалникчата на Град Скопје, Данела Арсовска на Фејсбук упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам и по повод празникот Духовден. Таа напиша и дека овој ден има посебно значење, бидејќи е роден нејзиниот син, за кој вели дека добива закани од „другарчињата на Висар Ганиу“.

– Овој ден има посебно значење бидејќи пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу. На овој ден мир и спокој им посакувам на сите, освен на урбаната мафија на Ганиу, затоа што во Македонија заслужуваме хумано и безбедно да живееме секој ден во годината. Поздрав од Портпаролот за спречување корупција на Конгресот на Совет на Европа, Данела Арсовска – напиша таа на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close