Арсовска пристигна пред Град Скопје и низ смеа порача: Кај си бе Виксче ти пишав да ме чекаш а ти по три минути низ парк избега

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва пристигна пред канцелариите каде градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и граѓани исфрлија ѓубре.

Таа порача дека откако пишала на Фејсбук дека ќе дојде и таа пред Канцелариите, Ганиу ја почекал само три минути по што побегнал.

„Многу јак фраер си, каде си дечко додека те чекам 4 часа во Чаир. Кога слушна дека доаѓам, избега низ паркот. Ништо нема да покриеш со ѓубренцево што си го фрлил“, истакна Арсовска.

Арсовска додаде дека возилото немало дозвола за носење на отпад.

Back to top button
Close