Aрсовска: Скопје има 6, а не една елка. А буџетот е 70.000 евра, колку на Чачак

Градоначалниката на Град Скопје Данела Арсовска во гостувањето на поткастот „Тешки муабети“ се пожали дека главниот град има буџет како просечна рурална општина во Србија.

Вели дека и покрај сите политички опструкции во Советот и политичкиот притисок кој го имала, успеала да реализира 450 проекти од програмата „За модерно Скопје“. Говорејќи за елката на Плоштадот Македонија која стана мета на потсмев и кај македонската јавност, но и во медиумите во регионот, Арсовска вели дека таа не е единствената која градот ја поставил.

-Никој не прашал во изминативе 10 години како тоа 300.000 евра за половина од ова што сега ние го правиме. И нема една елка, шест елки има. И пазете, зборуваме за Град Скопје кој има 70.000 евра буџет, тоа е колку Чачак, вели Арсовска.

Back to top button
Close