Арсовска вчера ги фалеше директорите, денеска лаже дека ги разрешува поради несоодветно работење, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје денес ја обвини градоначалничката Данела Арсовска дека до директорите на Јавните претпријатија ниту доставила понуда за доброволно заминување, ниту пак имало барање за оставка.

„Вчера Арсовска на прес конференција ги пофали директорите на јавните претпријатија дека се на ниво на задачата и дека одлично ја извршуваат, а денес лаже кога вели дека ги разрешува поради несоодветно работење. Ниту понуда од Арсовска до директорите за доброволно заминување, ниту барање за оставка имало“ се вели во соопштението од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Ја потсетуваме Арсовска, се додава во соопштението, дека антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело, а лажењето на јавноста е лицемерие кое скопјани не го заслужуваат. Одлуките на директорите се последица на паниката на Арсовска дека никој не сака да соработува со градоначалничка која очигледно не е способна да донесе резултати кои ги вети.

Ваквиот чекор е доказ дека власт по секоја цена и преку газење на принципи не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ. Функцијата значи одговорност спрема граѓаните, нагласуваат од советничката група.

Back to top button
Close