Арсовска: ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека со жив штит ќе го бранат криминалот на Висар Ганиу и Ејуп Адеми
ВМРО-ДПМНЕ денес покажа дека е подготвено ако има потреба и со жив штит да го бранат криминалот на Висар Ганиу и Ејуп Адеми со незаконските дивоградби во општина Чаир. Македонија денес можеше да посведочи дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се плашат да зборуваат за дивоградбите, напиша на својот профил на Фејсбук градоначалничката Данела Арсовска.
„Поднесоа иницијатива за вонредна седница на Советот на град Скопје за дивоградбите во Чаир, Сарај и останатите скипски општини која потоа ја повлекоа самите, иако апелирав да ја гласаат за да имаат можност да направат увид во документите кои Висар Ганиу ги фалсификувал. За жал, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во град Скопје одлучија да ја повлечат својата точка од дневен ред бидејќи во предлогот имаа напишано дека точката по која бараат дискусија е за „дивоградби во општина Сарај и во другите општини во град Скопје“. Исплашени од можност дека освен за дивоградби во Сарај ќе се дискутира и за други дивоградби ја повлекоа точката од дневен ред и избегаа од салата на Советот на град Скопје“, напиша Арсовска и додаде:
„Срамот денес треба да го види цела Македонија. Нема „горда Македонија“, оваа владејачка коалиција активно испорача „криминална Македонија“.