Арсовска: Во Чаир има 13 ИЛЈАДИ ДИВОГРАДБИ – Ќе постапи некој?
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, утрово во објава на Фејсбук нагласи дека во Чаир има 13 илјади дивоградби и го предупреди министерот за транспорт, Александар Николоски дека менување на електронска евиденција е кривично дело.
– 13.000 ТРИНАЕСЕТ ИЛЈАДИ ДИВОГРАДБИ ВО ЧАИР‼️‼️‼️Прашањето ми е колку има заведено во оригиналната архивска книга за која истрага води Јавното обвинителство и колку има во електронската евиденција на Министерството за транспорт. Ќе праша некој? Алфа, Сител? ТОЛКУ
🌴Само да го предупредам министерон Ацо Дубаи дека менување на електронската евиденција на легализации во министерството за транспорт исто е кривично дело! (некој може и таа веќе ја обезбедил како доказ🤡 – напиша Арсовска на Фејсбук.
Вчера Арсовска на прес-конференција пред ОЈО ГОКК истакна дека никој не проверува како 11-годишник изградил пет згради од по милион евра. Арсовска достави и нови докази до Обвинителството и повика сите надлежни институции да реагираат за да се запре дивеењето во Чаир кое, како што нагласи, ги доведува во опасност луѓето кои живеат таму.