Арсовска: Во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на „принцезата на дивограбите“, апел до Владата и МВР да престанат со „филозофирање“!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информира дека продолжуваат нелегалните и криминални активности во општина Чаир

„И денес продолжува “филозофирањето” на МВР и претседателот на Владата кој не ги знаеше надлежностите на Градот Скопје. Препорачуваме да ги ислушаат внимателно изјавите на затекнатите работници, бидејќи повторно на терен има проблеми со непостапување на МВР.

Во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на “принцезата на дивограбите” и неговиот ментор, повторно во обид да ги прикријат трагите од тој криминал спроведен со спротивно на закон и диво градени објекти на државно земјиште.

На лице место денес затекнавме работници кои биле непосредно ангажирани од сторителите на кривичното дело бесправна градба и узурпација на државно земјиште, им платиле во кеш и ги упатиле на лице место да ја скријат дупката со која го оштетија булеварот и подземните инсталации на водовод, канализација и високонапонските кабли за струја. Ова е со цел да ја избегнат одговорноста за нивните криминали.

Градот Скопје до овој момент ги превзема сите расположливи мерки, НИЕ ИЗРЕКОВМЕ НАЈВИСОКИ КАЗНИ, А СЛУЧАЈОТ Е ПРИЈАВЕН КАЈ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПОЧНАТ ДА ПОСТАПУВААТ.

Општина Чаир и Државниот градежен инспекторат ВЕДНАШ ДА ГИ СРУШАТ ДИВО ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ И ДА ЈА САНИРААТ ШТЕТАТА СО ВРАЌАЊЕ ВО ПРВОБИТНА СОСТОЈБА

Министерството за внатрешни работи ВРЗ ДОСЕГА СИТЕ ОЧИГЛЕДНИ ДОКАЗИ, ДА ГИ УТВРДИ СТОРИТЕЛИТЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА И ДА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ.

Апелираме до Владата и МВР да престанат со “филозофирање” да се фатат за работа, има повеќе од доволно докази, информации и аргументи кои би можеле да им помогнат во истрагата за поднесување на кривична пријава за како нивна службена должност за да се обезбеди одговорност на сторителите“, вели Арсовска.

Back to top button
Close