Арсовска: За 5 минути ВМРО ќе ме однесеа во затвор ако имаше постапка досега. Орце џабе ти се нарачките на текстови против мене
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска преку социјалните мрежи истакна дека доколку имало постапка против неа, досега од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе била за 5 минути во затвор.
„Да имав било каква постапка до сега и СДСМ и вашата Мицковистичка ВМРО ќе ме однесеа во затвор за 5 минути, точно за толку време колку ви треба да искуцате наредба за апсење, многу сте јаки“, порача таа.
Во објавата таа му порачува на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски да не брза преку ред.
„Остави го Висар (Ганиу, градоначалник на Чаир) да се дозаплетка со криминалот и фалсификатите за дивоградбите, па ќе преминеме на Кисела Вода“, додаде таа.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го обвинувања градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски дека „нарачувал новинарски текстови против неа“. Таа најави дека ќе има истрага и за случувањата во неговата општина во однос на дивоградби.