Арсовски без конкретен одговор дали Макрадули е разрешен заради поврзаност со Зекири

Поранешениот пратеник и министер од СДСМ Јани Макрадули вчера беше разрешен од позицијата директор на АД „Пошта“. Разрешен беше и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски. На новинарско прашање за тоа кои се причините за разрешувањето на Макрадули и Крстевски, портпаролот на Владата Душко Арсовски истакна дека за Макрадули е поради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите, додека пак за Крстевски сам си поднел оставка.

„Владата му препорача на надзорниот одбор на Пошта на Северна Македонија да го разреши Јани Макрадули заради одобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на менаџментот, додека г-дин Стево Крстевски има поднесено оставка поради приватни причини“, посочи Арсовски.

На прашање на ТВ21, дали разрешувањето на Макрадули има некаква врска со случајот на поранешниот секретар на Влада Мухамед Зекири, Арсовски истакна дека може само да го повтори истото што го кажал претходно.

Back to top button
Close