Арсовски: Дополнителни наоди и опфат на сите фирми за увоз на нафтени деривати

Владата вчера на седница ги рзгледала извештаите поднесени од надлежните институции поврзани со увозот на нафтени деривати и одлучила дека за одредени наоди е непходно во рок од седум дена да бидат доставени дополнителни информации.

Извештаите добиени од институциите содржат информации за почитување  на одредбите од Правилникот за квалитетот на течните горива, податоци за увоз на нафтени деривати во периодот 2018-2020 година и податоци од извршените надзори од страна на инспекторатите во компаниите увозници и корисници.

-Се работи за обемна документација и по направениот пресек на информациите добиени досега Владата одлучи дека е неопходно за оредедени наоди дел од надлежните институции да достават дополнителни информации во рок од седум дена. Тоа значи дека на следната владина седница ќе се донесат соодветни заклучоци за натамошно постапување, рече владиниот портпарол Душко Арсовски на редовната прес-конференција.

На прашањето дали се откриени пропустите за увозот на спорниот мазут во земјава, Арсовски одговори дека надлежните институции добија дополнителни задолженија со кои се проширува опфатот на фирми и ќе се испитуваат, како што рече,  буквално сите вклучени во овој бизнис, во сите фази – од увозот до складирањето и користењето.

-На идната владина седница треба да се разгледа сублиматот од мноштвото документи и извештаи со дополнувањата што треба да се направат деновиве и понатаму ќе има постапки за коишто ќе известиме дополнително, рече Арсовски.  

Зошто се пролонгира рокот за седум дена за нови информации и дали во претходните 14 дена не е откриено ништо, портпаролот одговори дека и во изминатите две седмици на терен работеле сите институции задолжени од Владата, но дека е констатирано оти е потребно проширување на опфатот на фирми.

– Затоа велиме дека во наредните денови ќе се испитува буквално секој економски субјект којшто се занимава со овој бизнис од увоз до складирање,  така што откако ќе бидат собрани сите овие податоци Владата ќе има поконкретен увид и на наредната седница на Владата ќе се разговара за ова, по што ќе известиме, одговори Арсовски. 

Back to top button
Close