Арсовски: Контактите со Бугарија продолжуваат, со оптимизам гледаме на можните решенија

онтактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек бидејќи двете страни се вложени во изнаоѓање на решение. Со оптимизам гледаме на можните решенија кои ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на нашиот национален идентитет, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната редовна прес-конференција, Арсовски уште еднаш повтори дека нема нов договор и оти не може да се преговара за идентитетот и за јазикот.

– Владата е подготвена за разговор и дообјаснување на некои загрижености кои се појавија во Република Бугарија во однос на јазикот, меѓутоа црвените линии остануваат односно нема право никој да преговара за идентитетот и за јазикот, истакна Арсовски.

Back to top button
Close