Арсовски: Кукавички е Мицкоски да поднесе оставка сега

По повиците од СДСМ Христијан Мицкоски да се повлече од претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, како што ветил пред изборите, од опозициската партија денеска одговорија дека тоа би било кукавички чин.

На новинарско прашање на денешната прес конференција за коментар за барањата на СДСМ за оставка на Мицкоски, портпаролот Димче Арсовски рече дека ова прашање веќе е одговорено и претходно од страна на партијата, од страна на претседателот Мицкоски итн.

„Сега би било кукавички чин оставка во овие околности, кога Зоран Заев и СДСМ буквално ја тероризираат и ја крадат цела држава. Така да сметам дека ова е завршена тема на којашто не би имале што повеќе да додадеме, така да подобро да се фокусираме на криминалот кој што го прави СДСМ“, рече Арсовски.

Back to top button
Close