Арсовски: По посетата на О’Брајан ќе се разјаснат и коалициите и можните претседателски кандидати

Посетата на помошник државниот секретар на САД, Џејмс О’Брајан и случувањата во деновите по неа ќе бидат особено важни за политичката ситуација во Македонија, особено во делот на предизборието, оценува политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Арсовски во емисијата Студио 10 на ТВ 24 порача дека по посетата на високиот американски претставник ќе станат јасни доста работи околу коалициите и можните претседателски кандидати.

 

– Од посетата на О’Брајан очекувам сериозен политички притисок за одблокирање на преговорите со ЕУ, затоа што за САД стратешка цел е членство во ЕУ, и на Македонија и на целиот Балкан. Исто така, очекувам дека ќе се направи обид за формирање на тој европски блок кој во моментов не е формиран и по таа посета многу работи ќе бидат појасни и ќе имаме една почиста политичка слика и околу можните претседателски кандидати, околу можните коалиции за парламентарните избори и така натаму, порача Арсовски.

Арсовски на изборите очекува јасна поделба на два блока, едниот кој ќе биде за продолжување на европските интеграции и втор блок кој ќе се спротивставува на тоа.

 

 

 

Back to top button
Close