Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе проба да состави влада

ВМРО-ДПМНЕ ќе преговара за состав на влада и парламентарно мнозинство, потврди денеска портпарол на партијата  Димче Арсовски.

Арсовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ, има легимитет за тоа во бидејќи има најмногу пратенички мандати, а СДСМ добила 4 пратенички мандати како резултат на коализијата со БЕСА.Тој не откри со кои партии од албанскиот блок преговара неговата партија.

– Ние, како што рековме, а и претседателот Христија Мицкоски јавно кажа пред медиумите и граѓаните, ќе се обидеме да составиме влада, но не би сакал да навлегувам во детали сега, бидејќи тоа е еден процес кој трае и не би сакал да нарушувам поединечност од тој процес. ВМРО-ДПМНЕ е изборот на граѓаните и е партија која освои најмногу мандати во Македонија, бидејќи сите знаеме дека СДСМ беше во коалиција со Беса, која со нив нив освои четири мандати. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ има освоено повеќе мандати од СДСМ – рече Арсовски одговарајќи на прашање, по денешната прес-конференција.

Back to top button
Close