Арсовски: Во салата немаше работници. До пред пет дена имавме 80 луѓе внатре и среќа што тогаш не се сличило нешто слично

Имаме среќа што целата инфраструктура внатре – од столчиња, сценски технологии итн. е извадена надвор и гореше, всушност, старата конструкција, стари иверки, ѕидови, плочки итн. Само еден инженер беше вон салата, во нејзините канцеларии, и имавме чувари, двајца работници, но денеска немавме никакви интервенции и седеле на работното место. Во прв момент, претпоставуваме дали стар кабел, не можеме да знаеме сега. Некоја стара инсталација, тргнал чадот, никој немало во салата. Моите мајстори пробале со противпожарен апарат да го изгаснат, тоа се иверки стари со години, суви и брзо горат. За половина час таа самата скоро се изгаси затоа што нема што да гори во неа, рече Арсовски.

На прашање дали се сомнева во човечки фактор за причина за пожарот, одговори дека тоа не може да го каже зашто, рече, „инженерите не виделе ништо“.

 

-Можно е. Но, ние сепак салата ја чуваме три години. Имало ситни проблеми од ваков тип во смисла не пожар, но искра од кабел итн., сме ги санирале. Не знам, не можам ни да претпоставам. Во салата сега немаше градежни активности, немаше градежни работници. До пред пет до десет дена имавме преку 80 луѓе внатре и среќа што тогаш не настанал ваков проблем. Тогаш сигурно би било многу, многу попроблематично отколку сега. Сега, во глобала, она што го гледаме е стариот дел на Универзална сала, рече Арсовски.

Back to top button
Close