Арта Биљали Зендели: ДУИ предлага Договор за национален напредок

Во атмосфера исполнета со меѓусебни обвинувања, со измислување непријатели, со сеење на страв и со намерно труење најавното мислење, Петтиот конгрес на ДУИ избра еден поинаков пат, рече на денешната прес-конференцијата потпретседателката на ДУИ, Арта Биљали Зендели.

Наместо поттикнување страв, ние го исфрливме јажето на надежта.

Наместо продлабочување на поделбите, изградивме мост.

Наместо продолжување на вициозниот кругна апатија, разочарување и иселување одземјата, предложивме негово прекинување.

Токму затоа Конгресот на ДУИ излезе со предлог за Договор за национален напредок.

Оваа иницијатива не е партиска. Не е етничка. Таа е над сето тоа. Таа е сеопштествена платформа, над партиите, надвештачките конфликти и над наративите настравот

Со години, земјата се држи како заложник нафиктивни стравови, на имагинарни непријатели и на намерно создадени поларизации, само за да се зачува или освоивласт. Овој модел произведе стагнација, недостаток на перспектива и масовнаемиграција.

Ние веруваме дека дојде време да се запреовој политички апсурд.

Затоа, Договорот за национален напредок сепредлага како заедничка платформа, кадешто домашни и меѓународни експерти, политиката, граѓанското општество, бизнисот и академската заедница ќе сеобединат за да изградат консензус заразвојот, економијата, образованието, здравството и квалитетот на животот.

Овој договор нема за цел да управува состравот, туку да создаде надеж.

Нема за цел да произведува конфликти, туку можности.

Нема за цел да го зачува статус квото, туку даотвори перспектива за генерациите кои денесја напуштаат земјата.

Конгресот на ДУИ го упатува овој повик со уверување дека на земјата не ѝ се потребниповеќе непријатели, туку повеќе договори. Не повеќе поделби, туку повеќе напредок

Ова е моментот да се прекине синџирот на апатијата и да се изгради нов национален консензус за просперитет.

Back to top button
Close