Артан Груби итно да замине во Софија!

При завчерашната средба на бугарскиот претседател Румен Радев и европскиот комесар за проширување Оливер Вархељи во Софија, Радев порачал дека повеќе не се прифаќаат декларации и ветувања во дијалогот со Северна Македонија и ја повика Македонија да преземе јасни и правно обврзувачки решенија што би довеле до „одржливи резултати“ во бугарско-македонските односи. Бугарскиот претседател побарал „ефективна акција од ЕУ“ за промовирање на европските вредности, демократијата и почитување на човековите права кај нивниот западен сосед, Македонија.

Занимливо, во неколкуте извештаи што ги прочитав од средбата на Вархељи со Радев во Софија, на која присуствувал и бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, никаде не го сретнав зборот „историја“. Напротив, Бугарите наврапито се оддалечуваат, во средбите со своите евро-американски партнери (но, не и билатерално со нас) од своето инсистирање таа, историјата, да биде центарот на (нивниот) проблем со Македонија, а со истата брзина се обидуваат да ги воведат „Копенхашките критериуми“ (демократија, човекови права, третман на малцинства и сл.) како главен услов за одблокирање на македонскиот европски патишта.

Хахахахаааа… Македонија е, несомнено, „светски првак“ по прашањата на воведување, исполнување, коригирање, унапредување итн. на Копенхашките критериуми на Балканот, со сите премрежија, успеси и неуспеси низ коишто поминавме во последните 30 години. На пример, ако се човековите и правата на малцинствата во прашање, политичката култура, како и формалните механизми за интеретничко и интеркултурно интегрирање, на Бугарија би можеле да им држиме семинари на таа тема во наредните десетина години. Предлагам да му го испратиме г. Артан Груби (придружуван со барем еден Ром, Турчин или Влав во делегацијата) на бугарскиот претседател, за првичен брифинг „по темата“.

Нашето општество, несомнено, има уште многу работа да заврши, практично, за суштински да стане „едно“, „еднакво“, „единствено“ итн. за сите свои граѓани, па и за оние сограѓани кои се чувствуваат како Бугари овде. Впрочем, задачите од комплексот на мултикултурни и мултиетнички интеграции се секогаш „отворен процес“ за што никогаш и никаде не може да се каже дека е ставена „точка“ на работите.

Но, за „потребите“ на евро-интеграциите, барем во таа сфера од Копенхашките критериуми, домашната задача е одамна напишана, проверена и европски „оверена“.

Туку, од содржината на средбата на Радев и Вархељи како да се наѕира тесната патека по која Бугарија би можела да го пронајде патот за извлекување од врвицата по која самата заталка со ветото за македонските евро-интеграции. Бугарија и самата признава дека, откако кој стигна ѝ удри „заушка“ од партнерите во ЕУ, сега е изложена на жестоки евро-американски политички и дипломатски притисоци да го смени своето поведение. Сега личи дека Бугарите само се обидуваат да спасат нешто од својот образ, за да не биде бруката уште поголема, особено во пресрет на уште едни парламентарни и политички избори во земјата.

Koлумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close