Артета сака три sвезди за својата револуција, подготвен e да се раздели со деветмина

 Менаџерот на Арсенал, Микел Артета сака да привлече три главни фигури во својот тим за да ја изврши трансформацијата што тој ја посакува. Желбата на Шпанецот е да ја смени шемата на игра и „топџиите“ да дејствуваат во формација 4-3-3, што е многу повеќе во согласност со фудбалската филозофија на менаџерот.

Според „Тајмс“, трите главни трансфер цели се Филипе Кутињо (Барселона), Томас Партеи (Атлетико Мадрид) и Вилијан (Челси). Друг приоритет е нов договор за топ-стрелецот на тимот Пјер-Емерик Обамејанг.

За да се дополни буџетот за трансфери и плати, клубот може да се раздели со девет играчи од сегашниот состав. Меѓу нив се Сократ Папастатопулос, Матео Гендузи, Лукас Тореира, Хенрих Мхитарјан, Сеад Колашинац, Шкодран Мустафи и Роб Холдинг.

На нив може да им се придружат некој од Хектор Белерин и Александре Лаказет, во случај да пристигне многу добра понуда.

Арсенал исто така се обидува да го продаде Месут Озил, кој е најголем финансиски товар со својата плата од 350.000 фунти неделно.

Back to top button
Close