Јас ќе го бранам градот на судењето за галијата, утре продолжува уривањето, вели Шилегов

Град Скопје утре ќе продолжи со уривање на галијата во Вардар откако пред месец и половина ја стопираше постапката поради времена мерка од судот по тужба на сопственикот. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека времената мерка е стопирана и сега ќе се продолжи со отстранувањето на бродот.

Сопственикот на бродот „Сидро“ кој е бугарски држaвајнин и покрај укинувањето на времената мерка ќе продолжи со тужбата против Градот бидејќи смета дека незаконски се урива објектот во коритото на реката Вардар. Првото рочиште е закажано за 7 јули.

„Многу внимателно го водевме целиот процес и сите услови за отстранување на галијата се исполнети. Сопственикот немаше платено три кирии и тоа според договорот овозможува тој да биде раскинат. Лично јас ќе го застапувам Градот на првото рочиште“, вели градоначалникот Шилегов

.елиот текст на сдк мк

Back to top button
Close