Јас протестирам со работење, вели претседателката на пензионери која во понеделник нема да поддржи протест за повисоки пензии

Претседателката на пензионери не ги поддржува протестите, на телевизија се пофали дека зема повисока пензија

Во понеделник се најавува голем протест на пензионерите во Скопје, но претседателката нема да ги поддржи демонстрантите кои уште еднаш ќе побараат повисоки пензии.

„Начинот на моето работење не е на улица и на такви протести. Начинот на моето протестирање е да работам и да ги решавам барањата на пензионерите како и досега, бидејќи овој дел што сега протестира не ги претставува сите пензионери, да се решаваат барањата преку институционален пат“, изјави во телевизиско интервју за Сител, претседателката на пензионери Станка Трајкова.

Во однос на линерното зголемување на пензиите, таа вели дека таква пракса нема во регионот, ниту европски држави.

„Како претседателка ги почитувам сите нивни барања и потребни, но линеарно покачување на пензиите е некомпактибилно, со поставеноста на пензискиот систем во Македонија. Линеарно покачување не постои ниту во земјитре од регионот, ниту во европските земји. Овие пензионери кои се со ниски пензии, меѓу кои и јас кои сме со повисоки пензии, се пензионери кои оствариле пензија во државниот пензиски систем, и тие однапред знаеле колкава ќе биде нивната пензија кога ќе одат во пензија и таа се вика пензија по формула“, рече претседателката на Сојузот на пензионери.

Back to top button
Close