„Јас сум Југословенка! – предавање на проф. Јасмина Тумбас на Викендот на гордоста

Jавно предавање на проф. Јасмина Тумбас, со наслов: „Јас сум Југословенка!: феминистичка изведувачка политика за време на и по југословенскиот социјализам“,ќе се одржи вечерва во 20:30 часот во Музејот на современа уметност во рамки на јубилејниот десети по ред Викенд на гордоста.

 

Јасмина Тумбас ќе зборува за нејзината последна книга „Јас сум Југословенка!: феминистичка пизведувачкаполитика за време на и по југословенскиот социјализам“ (Манчестер јуниверзити прес, 2022). За Викенд на гордоста во Скопје, Тумбас се фокусира на појавата на „квир“ Југословенката, како што ја дефинира таа, вклучително и на дискусија на контекстот во 1980-тите години, како и наследството останато денес. Преку разговорот ќе се сподели визуелната историја на југословенското лезбијско и квир движење – во кое се привилигираат истражувањата на жените на сопствената родова моќ во музиката, авангардните уметнички кругови и уметноста на перформанси; притоа таа ги истражува влијанијата во современата визуелна култура и уметност, вклучително и појавата на трансродовиот отпор и квир животот во новооформените национални контексти. 

 

Јасмина Тумбас (д-р по историја на уметност, Универзитет Дјук) е професорка по Современа историја на уметност и перформансни студии и директор на Постдипломските студии при Катедрата за глобални родови и студии за сексуалноста на Универзитетот во Бафало. Нејзината прва книга „Јас сум Југословенка!: феминистичка перформансна политика за време на и по југословенскиот социјализам“ неодамна беше издадена во рамките на едицијата „Преобмислување на историите на уметност“ на Манчестер јуниверзити прес (февруари 2022). Тумбас, исто така, работи на нејзиното второ дело, „Феминистите од југословенската дијаспора: уметност и отпор отаде државјанството и националноста“Се јавува и како гостин-уредник на специјалното издание на „Газета артликс бр. 5: Патријархатот завршен и исклучен: манифестен дискурс“, додека резултатите од нејзините истражувања се објавуваат во „Артмаргини“, „Камера опскура: студии по феминизам, култура и медиуми“, „Месечник за уметност“, „Уметноста во Америка“, „Журнал АСАП“, „Уметност и документација“, како и во антологиите „Промена на корпореалностите во современиот перформанс“ и „Перформансната уметност во втората јавна сфера“. 

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство со Локомотива, МСУ, ТИИИИТ! Инк., КСП Центар-ЈАДРО и Терапија, со несебичната поддршка на Министерството за култура на РСМ, Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Амбасадата на САД, Фондацијата Фридрих Еберт, Амбасадата на Франција, Фондацијата отворено општество Македонија, и Сигрид. Раузинг.Изложбата Екстатични тела е делумно поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија преку Програмата Уметност Институција Политика Тело/УПИТ на Локомотива како и од програмата на ЕУ-Креативна Европа/Life Long Burning проект.

Back to top button
Close