Асфалтиран патот и до последното село во Жупа

Локалната самоуправа на руралната општина Центар Жупа го реализираше проектот за асфалтирање на патот до селото Црнобоци кое беше последното село кое немаше асфалтен пат.

Градоначалникот на општината Арјан Ибраим изјави дека вчера попладне заврши асфалтирањето на патот Центар Жупа – село Црнобоци долг 1 киломатар и фактички релизиран е асфалтиниот пат за селото коем до сега немаша асфалтиран пат. Проектот го финасираше локалната самоуправа за што беа одвоени буџетски средства во висина од 6 милиони денари додека градежните работи ги изврши градежното претпријатие ,,Илинден,,.

Во текот на последните три години општина Центар Жупа реализираше повеке проекти во зферата на патната инфраструктура во регионот на Горна Жупа меѓу кои и патот кој ја поврзува општината со поатот Дебар –Струга . Единствено село кое немаше асфалтен пат беше селото Црнобоци. Населението и од оваа село како и другите села во општината се печалбари . Податоците на администрацијата на локалната самоуправа но и здруженијата на печалбарите во Италија, Германија и други западно европски земји , велат дека над 7о насто од населението е на печалба .

К.Мимидиноски

Back to top button
Close