Асфалтирани шест улици во Општина Бутел

Општина Бутел го заврши асфалтирањето на шест улици во населените места Радишани и Визбегово.

Со оваа летна градежна активност на Општина Бутел асфалтирани се улици со вкупна должина од над 1 200 метри.

Средствата во висина од 5.000.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Бутел, додека изведувач на работите е фирмата „Гама Градба“ од Скопје.

– Станува збор за следниве четири улици во Радишани: крак на „Радишанска“ лево покрај реката Серава во должина од 190 метри.; Крак на улицата „60“ во должина од 170 метри.; Крак на улицата „50“ во должина од 150  метри и крак на улицата „56“ во должина од 110 метри. Во Визбегово завршени се улиците: 2/5 во должина од 350 метри и улицата 3/2 во должина од 230 метри, информираат од прес-службата на Општина Бутел.

Back to top button
Close