Јашари во „Топ тема“ тврди дека сите универзитети издавале уверенија за завршени студии какво што добил и Барлет Џафери


Студентот кај нас дипломира во 2009 година и во тој момент му е издадено уверение за завршени студии. Според законот за образование од 2009 година, не се правеше квалификација на високообразовни квалификации. Со одредбите на законот за високо образование кој што се применуваше до 2010 година, сите студенти во сите универзитети, и државни и приватни, се стекнале со такви уверенија, а не само дотичниот господин, истакна Аднан Јашари, поранешен министер за правда, во вечерашната „Топ тема“, во врска со 449-те случаи со прекршување на правилата за полагање на правосуден испит.

Меѓу студентите кој во скандалот што излезе во јавноста се најде и името на Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Но, Јашари вели дека такви случаи немало само на Универзитетот на Југоисточна Европа, туку на сите високообразовни институции во државата.

„Се издадени уверенија за завршени студии со кои се здобиле со 180 кредити, според Болоњскиот систем, односно степен 7/1. Но, вака било согласно одредбите од законот за високо образование. И за ова одговарам јас лично, ако не е така“, го цитираше Јашари записникот од контролата на Државниот просветен инспекторат по барање на Државната комисија за спречување на корупција.

Понатаму, вели Јашари, сите уверенија, а не дипломи, како што се потенцира во одредени јавни настапи и медиуми.

„Во законот за образование, изготвен и донесен во 2008 година, во чија работна група бев член и професорот Давитковски, а претседател професорот Беличанец, се создаде обврска која беше на Собранието, не на владата, да изготви уредба што беше донесена кон крајот на 2010 година. Уредбата почна да се применува по шест месеци од денот на влегување во сила, негде во мај во 2011 година“, дополни Јашари.

Тој ги истакна преодните и завршните одредби на Законот и го цитираше член 180 во кој се вели „студентите запишани според студиските програми до денот на влегување на овој закон, можат да ги завршат студиите според услови кои важеле при уписот“.

„Тоа значи дека сите студенти, до влегување во сила на тој закон, врз основа на условите утврдени со претходниот закон, тие имале можности да ги завршат тие студии, согласно одредбите од тој закон. Тој закон немаше одредба во однос на високообразовните квалификации“, истакна Јашари.

Back to top button
Close