Асоцијација на обложувалници до Ковачевски и Бесими: Чии агенди исполнувате и штитите?

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, во соопштение до јавноста остро ги нападна премиерот Ковачевски и Министерот за финансии, Фатмир Бесими за начинот на кој Владата сака да го донесе новиот Закон за игри на среќа. Од

Асоцијацијата која ги претставува 93% од сите приредувачи на игри на среќа и е официјална индустриска организација, посочуваат дека Владата има интерес во скратена постапка и без дебата да донесе закон кој е дискриминирачки и неуставен, закон кој ќе остави илјадници луѓе без работа и обезбедува монопол во приредувањето на онлајн обложување – пракса што ја нема во ниедна европска земја.

Тие остро реагираат и на фактот што Владата со месеци не сака да чуе за дебата со официјалните претставници на индустријата, дека не ги земала предвид нивните предлози, кои како што тврдат одговараат на сите отворени прашања за игрите на среќа и предизвиците кои ги носи индустријата. Оттука, АСОМ се сомнева дека зад целиот закон се кријат бизнис интереси на поединци кои се закануваат дека ќе ги разоткријат до крај.

„Чии агенди исполнувате? Зошто законот го криевте? Зошто бегате од јавна дебата? Зошто се залагате за уништување на една легална гранка, која преку даноци и давачки го полни државниот буџет? Зошто сакате и се залагате 10.000 граѓани да оставите на улица без работа и од нив да направете социјални случаи? Во чиј интерес е законот шверцерски да го донесете со злоупотреба на европското знаменце?

Покрај оддалеченоста од 500 метри на објектите од училиштата поткрепена со наводната заштита на младата популација, законот содржи измени кои се нелогични и неуставни, како и многу сериозни финансиски импликации за оваа индустрија. Со измените Владата сака двојно да ги зголеми давачките за лиценци и нови уплатни места, што води кон затворање на индустријата.- велат од АСОМ.

„Затоа бараме измените на Законот за игри на среќа кои се испратени до Комисијата за европски прашања да се повлечат, затоа што станува збор за закон за затворање на индустријата за игри на среќа, дискриминирачки, неуставен и монополски“ – заклучуваат од АСОМ.

 

Back to top button
Close