Асоцијацијата на земјоделци уверува дека цената на месото нема да се зголеми
Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов, кој воедно е и еден од поголемите производители на месо во штипско-карбинскиот регион вели дека ниската цена на јачменот и пченицата годинава, ќе ја одржи истата цена на месото и затоа не се очекува поскапување на овој продукт оваа година.
Според него, житото годинава бележи намалување на цените и нема оправдана причина поради која би се зголемила цената на месото.
„Нема да има покачување на месото оти житарицата беше евтина, дури цената е намалена од ланската година. Месните индустрии сакаат да покачат како и млечната, а цената на млекото производителите го намалија, од 35 на 30 денари”,
вели Сарафимов.
Со цена од 140 денари жива мера производителите на месо, односно фармерите се задволни од цената која во овој момент е повеќе од реална, додава Серафимов.
Во меѓувреме, поскапувања беа најавени за домашното сирење, и тоа за 30%. Причините за зголемувањето на цената е тоа што нема работници, но и климатските промени придонесуваат кон тоа затоа што, како што велат сточарите, домашното сирење се прави без додатоци.
„Токму од овие причини не е исплатливо да се произведува сирење и млечни производи во домашни услови, а резултатите што ги гледаме на терен се: младите не сакаат да работат и да продолжат со сточарството. Затоа се продаваат цели стада на овци“велат сточарите од Брегалничкиот Регион за МИА.