АСОМ: Неработна недела за обложувалниците значи отпуштање на 30% од вработените и намелени приходи во буџет

 – Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија (АСОМ-Скопје) денеска реагира дека неработна недела за обложувалниците значи отпуштање на 30 отсто од вработените и намелени приходи во буџет отокако вчера на прес – конференција во Владата беше соопштено дека се предвидува недела да биде неработен ден за повеќе дејности.    


АСОМ реагира на предлог измените на законот кој ги опфаќа и спортските обложувалници и упатува барање до ресорното министерство и Владата, обложувалниците да бидат изземени од овие законски измени. Асоцијацијата се повикува на член 83 од Законот за игрите на среќа и забавните игри којшто се регулира работата на спортските обложувалници, а којшто предвидува: „Обложувалницата може да утврди работно време од 24 часа на ден, секој ден, независно од тоа дали со закон или со друг пропис е одреден државен или верски празник или друг неработен ден“. Согласно ова, измените на Законот за работни односи со кои денот недела се предвидува да биде неработен не можат да ги опфатат спортските обложувалници. Воедно, истакнуваат дека ниту во светската пракса не постојат примери каде игрите на среќа имааат ограничување на работното време или работни денови во неделата, што во најголема мера е детерминирано од спецификата на понудата и побарувачката. Од АСОМ посочуваат дека ако денот недела биде неработен ден и за спортските обложувалници, тоа директно ќе го загрози работниот процес на целата стопанска гранка и ќе предизвика негативни социјални и економски последици. 

Работата на спортските обложувалници директно зависи од понудата на спортски натпревари. Најголем дел од спортските натпревари се играат за време на викендите, односно во недела. Воведувањето на денот недела како неработен ден значително ќе го ограничи и драстично ќе го намали пласманот за играчите во спортските обложувалници. Дополнително треба да се спомене дека играчите ги посетуваат спортските обложувалници во слободно време, односно најмногу во текот на викендите и недела, а не додека се на работа, истакнуваат од АСОМ.

Одлуката недела да биде неработен ден вработените во спортските обложувалници сериозно ќе го загрози деловното работење бидејќи повеќе од 70 отсто од прометот се реализира во недела. Тоа директно ќе влијае врз финансиското работење, ќе доведе до драстично намалување на приходите, како и намалување на бројот на вработени, нагласуваат од АСОМ. 

Еден голем дел од вработените во спортските обложувалници би можеле да ја загубат работата, бидејќи покривањето на еден дополнителен ден, денот недела, значи поголем број вработени кои конкретно се една третина од сите вработени во спортските обложувалници. Вработените во спортските обложувалници работат 40 часа неделно, имаат слободен ден, платени им се сите прекувремени работни часови, ноќна работа и работа за празници, согласно законски пропишанотовелат од Асоцијацијата.

Со своето работење индустријата на игри на среќа придонесува со една четвртина милијарди евра во буџетот на државата. На годишно ниво, во државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа се слеваат повеќе од 250 милиони евра, по основ на директни приходи и индиректните приходи од ДДВ, локални такси, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор. За плати за своите вработени, компаниите приредувачи на игри на среќа издвојуваат над 30 милиони евра.

Сите директно вработени во целата индустрија на игрите на среќа, кои ги има повеќе од 8.000, како што се посочува во соопштението, одржуваат уште седум работни места во други стопански гранки, односно индустријата на игри на среќа поддржува над 54.000 работни места. Индустријата главно вработува студенти и дипломци кои претставуваат околку 15 отсто од вкупниот број на вработени, а расте и трендот на вработување на млади информатичари, математичари, програмери и електроинженери, за кои компаниите кои работат во оваа гранка континуирано имаат отоврено огласи за работа.

Back to top button
Close