Астра Зенека, Фајзер или кинеска – со која вакцина најлесно се поминуваат границите?

Во светски рамки, досега се дадени над 3,7 милијарди дози од вакцините против ковид-19, па многумина можат да ги спакуваат своите торби и да тргнат на патување надвор од својата држава. Но, треба да се знае дека за секоја вакцина имаат различен третман при минувањето на границите, бидејќи многу држави не ги одобрија сите вакцини.

СЗО ги има одобрено „АстраЗенека“, „Фајзер“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и двете кинески вакцини „Синофарм“ и „Синовак“. Но, Европската унија, на пример, овој месец навести дека нема да дозволи влез за оние кои се вакцинирале со „Covishield“, индиската верзија на вакцината на „АстраЗенека“, која како прва доза ја примија речиси сите македонски државјани кои се вакцинираа во Србија. Причина за тоа е фактот дека таа се уште нема одобрение од европскиот регулатор за лекови ЕМА. Индија се закани со реципрочни мерки и непризнавање на ЕУ дигиталниот пасош. Според БиБиСи , односот кон „Covidshield“ ја изразува генералната политика на Европската унија, но не и политиката на земји членки, бидејќи голем број од нив, како на пример, Австрија, Белгија, Бугарија, Финска, Германија, Унгарија, Летонија, Холандија, Словенија, Грција, Ирска, Шпанија, Шведска a од пред неколку дена и Франција дозволуваат нивната граница да ја поминат сите посетители кои ја примиле оваа вакцина.

granica-guzva

Според податоците на интернет страницата Visaguide, најприфатлива вакцина во целиот свет, во смисла на преоѓањето на државните граници е „АстраЗенека“, бидејќи ја имаат одобрено 119 земји.

Веднаш зад неа е вакцината на производителот „Фајзер/Бионтех“ , која ја одбрила речиси 90 држави па „Спутник В“, руската вакцина која ја признаваат повеќе од 60 држави. По нив се „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“. Најдолу на листата е кинеската CanSinoBio која ја имаат одобрено само неколку држави.

Доколку се подготвувате да тргнете на пат, добро е да ја посетите страницата  VisaGuide  и да проверите дали земјата која е ваша дестинација ја има на својата листа одобрени, вакцината со која вие сте се имунизирале

 

Back to top button
Close