Астронаутите во „Орион“ спијат висејќи како лилјаци


Вселенското летало од мисијата „Артемис 2“, лансирано во четвртокот, ја напушти орбитата на Земјата и се упати кон другата страна на Месечината.

Мисијата „Артемис 2“ е првиот чекор во американската лунарна програма, чија цел е човечки екипаж да слета на површината на Месечината во 2028 година, како дел од планираната мисија „Артемис 4“.

– Advertisements –

Вселенското летало „Орион“ ќе ги однесе астронаутите приближно на 406.000 километри од Земјата, што се очекува да биде најдалечното човечко патување досега. Претходниот рекорд од 330.000 километри го држи екипажот на „Аполо 13“ во мисијата од 1970 година.

-Петте минути и 55 секунди од работата на моторот, познато како транслунарна инјекција (ТЛИ), поминаа „беспрекорно – рече Лори Глејз од Американската вселенска агенција (НАСА).

Се очекува патувањето околу Месечината да трае приближно 10 дена, а досега, според НАСА, сè се одвива беспрекорно.

Четворицата астронаути сè уште немале можност да разговараат директно со своите семејства од вселената, но од НАСА велат дека наскоро ќе „најдат време“ да го сторат тоа.

Менаџерот на вселенското летало, Хауард Ху, признава дека не спиел многу во последните 24 часа, но вели дека екипажот имал „совршено лансирање“ и додава дека нивните системи за одржување на животот работат „точно како што е предвидено“.

Првиот проблем со кој се соочи екипажот беше затнатиот тоалет во леталото, но самопрогласената „вселенска водоинсталатерка“, Кристина Кох, го решила дефектот.

–Спиењето во вселената е „комично, но поудобно отколку што можеби мислите, вели командантот Рид Вајсман, додавајќи дека Кох спие „висејќи како лилјак“.

Back to top button
Close