Атал пристигна во Елисејска палата за да поднесе оставка
Премиерот на Франција, Габриел Атал пристигна во Елисејската палата за да поднесе оставка по вчерашните парламентарни избори.
Сè уште не е познато дали претседателот Емануел Макрон ќе ја прифати или одбие оставката на Атал.
Атал најави оставка следејќи ја француската политичка традиција. Тој додаде дека е подготвен да остане на функцијата шеф на преодна влада, но додаде дека одлуката е на претседателот.