Атаман: Ова е непочитување кон нас да играме во 12 часот
По петте победи во првата фаза кошаркарите на Турција го освоија првото место во групата, а утре сабота во натпревар против Шведска ќе ја отворат нокаут фазата. Нивниот меч е закажан за 12 часот по локално време (11 по македонско време). Раниот почеток на дуелот не му се допадна на селекторот на Турција.
– Единствената работа што не ми се допаѓа е непочитувањето од страна на ФИБА кон нас, како тим со сите победи и првото место во групата, а натпреварот мора да го играме во 12 часот. Тоа е смешно. Но, сите треба да знаат дека ништо нема да не спречи да ја оствариме нашата цел да освоиме медал. Имаме фокус на следниот натпревар и како што споменав ова е непочитување кон нас, како непоразени и први во групата да играме напладне, ова е навистина нешто чудно од страна на организаторот, изјави селекторот на Турција Ергин Атаман.
Утре на Евробаскетот се играа првите четвртфинални натпревари: Турција – Шведска, Германија – Португалија, Литванија – Летонија и Србија – Финска.