Атанасов: Поднесов приговор до Универзитетската изборна комисија

Професорот и поранешен заменик-министер за образование и наука Петар Атанасов реагира откако Универзитетската изборна комисија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) не му ја прифати кандидатурата за ректор на претстојните избори.

Атанасов за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ информира дека утрово поднел приговор до Универзитетската изборна комисија и најави дека денеска ќе има прес-конференција.

– Сите шест членови на Универзитетската изборна комисија доколку не го усвојат мојот приговор до сите нив ќе поднесам кривична пријава. Од едноставна причина, имам информации дека дел од службите на Ректоратот присуствувале на седниците на Комисијата и се мешале и влијаеле врз нивните одлуки, рече Атанасов.

Пред два дена, како што рече, сум дисквалификуван од листата на кандидати за избор на ректор поради причини кои не се се ниту административни, а најмалку се академски. – Во образложението на Универзитетската изборна комисија стои дека немам поднесено комплетена документација. Тоа воопшто не е вистина. На 8 јуни, минатата недела, јас поднесов апликација со комплетни документи и во печатена и во електронска верзија. Тоа се пет документи и сите беа уредно доставени, изјави Атанасов.

Тој информира дека доставил пет печатени документи со печатена изборна програма, а дополнително доставил и електронски документи. Поради пандемијата и вонредната состојба, појасни дека неговата програма во електронска форма ја заштитил и вели дека тоа го навел во електронската пријава.

– Документот со мојата програма е заштитен, затоа што во овој момент не се јасни следните чекори во постапката. Во моментот кога Изборната комисија ќе соопшти како ќе продолжи постапката и ќе одлучи да ги разгледува документите, ќе ја доставам и лозинката. Од Комисијата ниту ми се јавија ниту побараа лозинка за документот. И покрај тоа што во пријавата се дадени и мојата е-маил адреса и мојот мобилен телефон, вели Атанасов.

Тој смета дека изборот за ректор и однесувањето на Комисијата воопшто не соодветствува со законските процедури. Според него, се работи за брз, насилен и нерегуларен избор.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close