Атина со смиреност и подготвеност ги следи активностите на Анкара, Мицотакис говори за санкции од ЕУ за Турција

– Премиерот и Владата ги следат случувањата со смиреност и подготвеност, потенцираат грчки владини извори, во однос на издадената навигациска информација (NAVTEX) од Турција за сеизмички истражувања југоисточно од грчкиот остров Кастелоризо, додека пак Кирјакос Мицотакис попладнево се сретна министерот за надворешни работи и телефонски разговараше до министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на армијата, јави дописничката на МИА од Атина.

На последните турски активности се осврна грчкиот премиер на почетокот од средбата со шефот на германската дипломатија Хајко Мас, велејќи дека развојот на настаните го обврзува да почне со Турција, а не со, како што рече, големиот европски успех за кој ќе разговараа под нормални услови.

Мицотакис воедно истакна дека санкциите од ЕУ ќе бидат единствениот излез доколку Турција ако не го промени ставот.

-Секако, оспорувањето на суверените права на Грција и Кипар, на крајот претставува и оспорување на суверените права на Европа. Очекуваме поддршка од нашите сојузници, но треба и вие да знаете дека доколку Турција продолжи да се движи во оваа насока, наметнувањето санкции од страна на Европската унија против Турција ќе биде единствениот пат, рече Мицотакис, кој додаде дека во рацете на Турција е да одбере какви односи сака со Грција, Кипар и Европа, но „во овој момент се чини дека одбира погрешен пат“.ср/сд/

Back to top button
Close