Атина во октомври домаќин на извлекувањето на групите за Лига на шампиони и Лига Европа

 Извлекувањето на групите за Лига на шампиони и Лига Европа, како и доделувањето награди за најдобрите фудбалери и фудбалерки ќе се одржи во октомври во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, соопшти дека извршниот комитет на УЕФА, донел едногласна одлука Атина да биде домаќин на манифестацијата, а ќе се одржи во културниот центар „Ставрос Ниархос“.

Пецас во соопштението вели дека одлуката е глас на доверба за Грција, „бидејќи станува збор за прв голем настан на УЕФА по рестриктивните мерки за справување со пандемијата на коронавирусот“ и додава дека одлучувачки факт за договорот бил телефонскиот разговор меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин

Back to top button
Close