АУДИ во кое имало две деца попладнево пропаднало во гаражен лифт во Белград

Попладнево автомобил пропаднал во товарен лифт, или поточно, во гаражен лифт на улица Сазонова број 82, во белградската општина Врачар, дознава „Блиц“.
При излегување од товарниот лифт, патничкото возило останало приклештено со предниот дел кога лифтот почнал да пропаѓа. Во автомобилот имало двајца возрасни и две деца.

Во моментот на пристигнувањето на спасувачките екипи, сите биле надвор од возилото, во кабината на лифтот, и според првичните информации, не се повредени.

Противпожарните и спасувачките единици на Вождовац и Звездара веднаш беа испратени на местото на настанот.
Во интервенцијата учествувале 14 пожарникари-спасувачи со четири возила.






