(АУДИО) Нова „бомба“ – Јанкулоска и Милошоски договараат сообраќајка за да се блокира пристапот до Кичево на гласачи кои доаѓаат со авиони

Екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и Антонио Милошоски, кандидат за нов пратенички мандат во петтата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, договараат сообраќајка и блокада на пат во близина на Кичево, може да се слушне од телефонски разговор меѓу нив објавен на јутјуб-каналот „Обнова на режимот“.

Г.Ј: Ало, Тони можеш да збориш?

А.М: Да, да, можам.

Г.Ј: Слушај, во првиот авион се повеќето према Струга, но независно, не знаеме што има во вториот. Значи, му реков на Миле, најверојатно контактирал он и со Илија, најарно е некој камион да се преврти со песок и да се блокира патот.

А.М: Види, може и тоа, ама тие ќе дојдат до павилјонот и ќе ги преземат со коли.

Г.Ј: Ако, ние ќе ги задржиме колку што може. Значи, не можеш ти да ги држиш од 4 до 7. Зашто ги фаќа нервоза. Тој командирот на аеродром е нивни, значи рачно прегледуваат, ама овој им виси над глава. На секој полицаец му виси над глава, знаеш дополнителен притисок…

А.М: Царината може нешто да направи?

Г.Ј: Не знам за царината толку. Ние ги замоливме, колегијално да направат. Значи, во нашиот дел го исклучивме системот, рачно оди, ама не можеш до бесвест, сто луѓе се, имаш 10 полицајци таму. Еден ќе стане, до ве-це, ваму-таму, ама пак е ограничено. Од 5 до 5:30 царината да ги проматка, багажи ова, она…Оти првиот авион се стружани, колку и да ги држиш ќе стасаат, и пешки да тргнат. Сега за вториот авион зборам. Ние малку, сообраќајката, малку нешто друго…

А.М: Да, од сѐ по малку.

Г.Ј: Оти ќе имаме политички проблем, ќе почнат кај премиерот. Вака, малку по малку.

А.М: Знам, знам.

Г,Ј: И тоа да е поблиску некаде до Кичево, зашто они колите од Кичево им се пратени и паркирани се пред аеродром.

А.М: Да, кај што е некое потесно грло.

Веројатно се работи за продолжение на претходната „бомба“ објавена на истиот канал а на која се слушаше како Јанакиески и Николоски зборуваат за сообраќајка.

Back to top button
Close